ВИДЕО: Инциденти и приведени во Белград, парада сепак ќе има, Брнабиќ дала гаранции

Од:

Кај собранието на Србија дојде до пресметка меѓу противниците на Прајдот и полицијата. Приведен е расчинет монах кој нападна новинарска екипан а Н1. Покрај него приведени се и неколку други лица, меѓу нив и двајцата кои им одзедоа транспарент на волентерките на Европрајд.

Полицијата ги истурка деомнстрантите подалеку од Собранието. Собирот на противниците на парадата е паралелно до одржувањрто на маршот на гордоста од кој организаторите на Европрајд не се откажаа и покрај забраната од полицијата која денеска ја потврди и Управниот суд.

Европската асоцијација на гордоста (ЕПОА) соопшти дека по неколкунеделен интензивен меѓународен притисок, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјавила дека прошетката на Европрајд закажана за денеска од 17 часот во Белград може да се одржи.

Како што се наведува во соопштението, бројни дипломати, пратеници во Европскиот парламент, како и други европски и меѓународни политичари ќе им се придружат на илјадниците активисти на рутата на прошетката што ќе започне од Националното собрание. Во соопштението на веб-страницата на ЕПОА се додава дека не се очекува премиерката да учествува на прошетката.

Како што наведоа, Брнабиќ рече дека може да гарантира дека улиците на Белград ќе бидат безбедни во текот на попладневните часови.

Претседателката на ЕПОА Кристине Гарина изјави дека се среќни и задоволни што премиерката Брнабиќ „го исполни ветувањето што го даде во 2019 година“.

Премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави дека сите ќе бидат безбедни за време на Европрајд и дека во текот на изминатата недела немало ниту еден инцидент на над 130 настани организирани во главниот град на Србија.

На приемот за странските дипломати во Палатата Србија, Брнабиќ наводно изјавила дека Србија не ја организирала Европрајд за да остане на европскиот пат, туку „за Србија, нашиот народ, земја и општество, како и за доброто на целиот регион. .

Би можело да ве интересира

Брнабиќ: 10 полицајци се повредени во нередите, има 64 приведени

ВИДЕО: Заврши Европрајд маршот во Белград, противниците на парадата направија хаос

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Противниците на Еуропрајд се пресметуваат со полицијата, на парадата се приклучи партнерката на Брнабиќ

Катерина Ѓуровски

Организаторите на Европрајд добиле дозвола од полицијата: Парада ќе има, но на друга маршута

Улиците на Белград се блокирани: Организаторите на Европрајд не попуштаат, парада ќе има

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Белград почна Европрајд, неизвесно одржувањето на парадата

Катерина Ѓуровски