ВИДЕО: Илјадници студенти од Белград, Нови Пазар, Шумадија пристигнаа во Нови Сад на годишнината од падот на настрешницата

Од:

Студенти од шест различни региони пристигнаа во Нови Сад, каде што во денеска ќе се одбележи годишнината од трагедијата во која 16 лица ги загубија животите при уривањето на настрешницата на железничката станица во тој град. Многу студенти и граѓани со денови пешачеа до големиот комеморативен собир. Први во Нови Сад пристигнаа оние што први тргнаа – студенти од Нови Пазар, кои го прославија својот ангажман близу до крајната цел.

По нив, пристигнаа две колони велосипедисти – од Бачка Паланка и Белград, а потоа пешаци од Бачка Паланка, како и група од западна Србија.

Пешачите што тргнаа од Суботица, односно од Вршац и Зрењанин, се споија и пешачеа заедно, а последен пристигна најбројниот – колоната што тргна од Белград пред два дена.

По собирот, тие се упатија кон Железничката станица, каде што положија цвеќе и каде што собирот заврши со 16-минутен молк.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дијана Хрка 11 дена без храна, состојбата и е лоша

Раководствата на N1, Nova, Radar и Danas официјално испратија понуда за преземање на UG media

ВИДЕО: Замолив да го прекине штајкот со глад, Вучиќ вели разговарал со Дијана Хрка

Катерина Ѓуровски

Студентите во блокада најавуваат нови протести, се подготвуваат за избори

(ВИДЕО) Немања Шаровиќ нападнат во Белград: „Пи*ко усташка“

ВИДЕО: 37 приведени по инцидентите во Белград, меѓу нив и Владимир Штимац