Студенти и граѓани од различни делови на Србија се собраа денеска во Нови Пазар, на југозападниот дел од земјата, за да ги поддржат академиците кои речиси една година го блокираат Државниот универзитет во Нови Пазар (ДУНП).
Под слоганот „Или ние или тие“, студентите бараат разрешување на актуелното раководство на универзитетот и воведување на принудна администрација. Дел од академиците ја обвинија администрацијата дека практично им го оневозможува запишувањето за годината како форма на „одмазда“ поради блокадите кои повеќе од една година бараат одговорност од властите за трагедијата во Нови Сад.
Novi Pazar 🌟♥️ pic.twitter.com/vt9ep99wtE
— Ilma Dupljak (@DupljakIlma) December 21, 2025
Некои професори се придружија на обвинувањата, тврдејќи дека ги изгубиле своите работни места поради нивната поддршка на студентските блокади и критиките кон администрацијата. Ректоратот на Универзитетот во изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ) ги отфрли овие тврдења, наведувајќи дека на студентите не им е одбиен упис и дека немало отпуштања на наставен кадар поради политички несогласувања.
Jer danas Novi Pazar nosi titulu glavnog grada Srbije❣️✨️ pic.twitter.com/FqVoxfTD58
— 𝓐𝓝𝓨𝓐 ~ God's Whip (@AnjaBG96) December 21, 2025
Студентите од Нови Пазар, познати по своите долги маршеви низ цела Србија, станаа симбол на студентските протести во земјата, пренесувајќи порака за единство од овој град со мнозинско бошњачко население.
Муфтијата на Санџак, Мухамед Демировиќ, во пресрет на протестот ги повика граѓаните на Нови Пазар да покажат почит, грижа и солидарност кон сите оние кои доаѓаат да ги поддржат студентите и професорите на ДУНП. Информативната служба на Мешихатската исламска заедница на Санџак објави дека Демировиќ нагласил дека ДУНП е „надпартиско и наднационално прашање“.
REKE LJDUI U NOVOM PAZARU❤️
Novi Sad Za Novi Pazar! pic.twitter.com/0R4GxGMTm2
— Miran Pogačar (@MiranPogacar) December 21, 2025
„Тоа е прашање на знаење, достоинство и иднина; прашање кое се однесува на секој граѓанин на Санџак, без оглед на името, потеклото или политичката припадност. Треба да бидеме обединети и одговорни околу него“, рече Демировиќ.
Универзитетот во Нови Пазар е единствениот во Србија кој сè уште е под физичка блокада, додека студентите од другите факултети ги прекинаа блокадите на почетокот на есента. Студентите од сите државни универзитети во земјата бараат одговорност од властите за смртта на 16 лица при падот на кровот на железничката станица во Нови Сад.
Иако владата ги отфрла нивните барања, меѓу кои е и распишување предвремени избори, академиците велат дека ја продолжуваат својата борба со други методи.
