(ВИДЕО) Хаос во Градското собрание на Чачак: Советниците се испокараа и се степаа, а разменија и остри зборови

Од:

За време на денешната седница на Градскиот совет на Чачак, се случи инцидент кога вербален конфликт меѓу двајца советници прерасна во физичка пресметка.

Конфликтот избувна меѓу Братислав Симовиќ, советник од движењето Двери, и Слободан Јакшиќ, советник од Руската партија. Во еден момент, расправијата ескалираше, а Јакшиќ дури му се обрати на Симовиќ со навредливи зборови.

– Немој да ти е*ам мајката. Бегај од тука – му рече Јакшиќ на Симовиќ.

Набрзо следеше физички контакт, а другите советници во салата реагираа за да ги разделат и да спречат понатамошна ескалација на инцидентот.

Сè уште не е познато што точно го предизвика конфликтот во Чачак.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жестока тепачка во клиника во Приштина: Скандалозна снимка, хирурзите се скараа, па се испотепаа

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

Тепачка меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата во турскиот Парламент

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пратениците се степаа за време на церемонијата на положување заклетва во турскиот парламент

Горан Наумовски

Шестмина повредени во инцидент во Белград, малолетник се бори за живот

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово