ВИДЕО: Густиот чад го „проголта“ патот

Од:

Голем пожар избувна утринава околу 8:40 часот, во пределот на Барбара, недалеку од Брибир. Пожарот се проширил и по околните куќи во Брибир, а поради силната бура и кон Селце и Нова Винодолска.

Областа Цриквеница е во тотален хаос, сообраќајот е блокиран а ветерот го однеле оганот и по куќите и магацините околу автопатот.
Поради густиот чад сообраќајот е блокиран, освен за патничките возила по автопатот околу Јадранското Море. Пожарот многу брзо ги зафатил околните објекти, па нешто пред 11:00 часот се донело одлука да се евакуира кампот „Селце”.

Поради пожарите во текот на вчерашниот ден нема слободен „канадер“ што може да му се приклучи на пожарникарскиот тим во гасењето. Околу 160 пожарникари во моментот се обидуваат да го стават под контрола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО На сцената во Загреб излегоа сребрените хрватски ракометари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хрватските ракометарите пристигнаа на плоштадот Бан Јелачиќ, ги дочекаа со песна

(ВИДЕО) Панорама од пречекот на хрватските ракометари

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Хрватските ракометари слетаа во Загреб, ги чека преполниот плоштад Бан Јелачиќ

Земјотрес во Далмација