ВИДЕО: Граѓаните во Сараево, Зеница и Требиње во паника излегоа на улиците

Од:

Земјотресот што вечерва ја погоди Босна и Херцеговина се почувствувал низ целата земја, во Сараево, Мостар, Зеница, Требиње, Билеќа, Столац, Љубиње… Бројни граѓани на Требиње, Зеница и Сараево излегоа на улиците, известуваат босанските медиуми.

Од силината на земјотресот сè се тресеше речиси една минута, а граѓаните кои живеат на горните катови известуваат дека работите паѓале врз нив, пренесува босански Аваз.

Потресот вечерва бил почувствуван низ целиот регион. Според црногорските медиуми, првите проценки покажуваат дека бил околу 5,5 степени според Рихтеровата скала.

Силниот земјотрес бил почувствуван и во Далмација. Жителите велат дека тоа траело околу пет секунди.

– Земјотресот беше силно почувствуван во дубровничката област, каде некои луѓе избегаа од ресторани и станови и куќи, велат дубровчани, додавајќи дека траел десетина секунди.

Земјотресот вечерва го почувствувале жителите на Видиковац, Нов Белград, но и на Ваљево. Граѓаните тврдат дека се треселе кревети и лустери, а земјотресот бил краток, но силен.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина