ВИДЕО: Градоначалникот Станивуковиќ доби шлаканица сред концерт

Од:

На концертот на Момчило Бајагиќ Бајага на бањалучката тврдина Каштел се случи инцидент во чиј центар беше градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.

Девојка чиј идентитет се уште не е познат му пришла на градоначалникот Драшко Станивуковиќ и го удрила со тупаница во пределот на вратот, а пред тоа се степала со друго лице.

Обезбедувањето на Станивуковиќ брзо реагирало и ја запреле девојката, а и ја предале на полицијата. Во таа прилика таа пружила отпор и ги навредувала полицајците и обезбедувањето. Станивуковиќ кажа дека девојката му удрила шлаканица.

„Не ја познавам девојката, а не ги знам ниту причините за тоа. Реагираше обезбедувањето“, изјави Станивуковиќ.

По извесен период била приведена во полициска станица. Шефот на обезбедувањето на Станивуковиќ ја потврдил информацијата за инцидентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Советничка го „јава“ градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Драшко Станивуковиќ – најмладиот политичар во регионот

А1он