На концертот на Момчило Бајагиќ Бајага на бањалучката тврдина Каштел се случи инцидент во чиј центар беше градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.
Девојка чиј идентитет се уште не е познат му пришла на градоначалникот Драшко Станивуковиќ и го удрила со тупаница во пределот на вратот, а пред тоа се степала со друго лице.
Обезбедувањето на Станивуковиќ брзо реагирало и ја запреле девојката, а и ја предале на полицијата. Во таа прилика таа пружила отпор и ги навредувала полицајците и обезбедувањето. Станивуковиќ кажа дека девојката му удрила шлаканица.
„Не ја познавам девојката, а не ги знам ниту причините за тоа. Реагираше обезбедувањето“, изјави Станивуковиќ.
По извесен период била приведена во полициска станица. Шефот на обезбедувањето на Станивуковиќ ја потврдил информацијата за инцидентот.