(ВИДЕО) Филмска драма од киднапирањето на Кајмакоски, полициска потера низ Белград

Од:

Полициската акција од синоќа на улицата Караѓорѓева во Белград се претвори во вистинска филмска драма кога возачот на белo „волво XC60“ ги игнорираше полициските наредби и забрза до крајни граници. Во меѓувреме, се покажа дека зад сè стои киднапирањето на познатиот пејач Даниел Кајмакоски (43), кој во тој момент е врзан во возилото. Полицијата се обиде да го запре возилото за време на рутинска проверка, но наместо да закочи, возачот одеднаш забрза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

– Во моментот кога му дале знак да застане, возачот се упатил кон Бранков мост. Беше јасно дека се случува нешто сериозно – вели извор за српски „Курир“.

Бркотницата продолжи покрај Палатата на Србија и Белградската арена, а потоа и на автопатот во правец на Шид.

– Во операцијата веднаш се вклучени УКП, САЈ, жандармеријата, сообраќајната полиција, како и специјалните технички служби. Ова беше една од најсложените операции во последно време – вели изворот на „Курир“.

Сторителите по кои се трага го врзаa пејачот и го возеa во неговиот автомобил, барајќи да им даде 20.000 евра. Меѓутоа, кога свртуваат кон Рума, „волвото“ удри во заштитна ограда. Вооружените напаѓачи го искористија тој момент и избегаа во непознат правец.

Полицијата, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, сè уште ги бара киднаперите.

Би можело да ве интересира

Објавени се детали за киднапирањето на Кајмакоски во Белград

Горан Наумовски

Српски „Курир“ објавува: Пејачот Кајмаковски е киднапиран во Белград

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Американска ТВ водителка ги моли киднаперите да ѝ ја вратат мајката

Горан Наумовски

Уапсени се Кинези во Србија осомничени за киднапирање и силување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавена снимка од киднапирање, полицијата бара помош

Маж од Охрид со вперен пиштол му се заканувал на роднина да го вработи и да му препише автомобил