(ВИДЕО) Експлозија во стан во Букурешт, тројца загинати

Од:

Експлозија во осумкатна зграда во главниот град на Романија, Букурешт, предизвика уривање на дел од зградата, при што загинаа најмалку три лица.

Според локалните медиуми, 17 од нив се повредени.

Според порталот Hotnews.ro, силата на експлозијата ги скршила прозорците на блиското средно училиште, а детонацијата целосно срушила два ката од зградата и оштетила неколку под нив.

Спасувачките екипи го пребаруваат местото на експлозијата за евентуално заробени лица.

Раед Арафат, државен секретар и директор на Одделот за вонредни ситуации на Романија, изјави дека зградата е целосно евакуирана и е во сериозна опасност од уривање.

„Првиот наод покажува дека блокот е во опасност од уривање. Тој е целосно евакуиран, а во него остануваат само пожарникарите кои ја продолжуваат потрагата“, рече Арафат на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Романка со години ја потпираше вратата со голем камен – тој вреди милион евра

А1он

Едно лице загина, а две лица се повредени во експлозија во Панчево

Тројца уапсени за нападите во Солун во кои загина 72-годишна жена

(ВИДЕО) Се урна зграда од експлозија на плин – има жртви

А1он

Русија: Тврдењата за руски беспилотни летала над Европа се неосновани

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“