ВИДЕО: Две деца меѓу жртвите во масакрот во Цетиње, убиецот ликвидиран од сограѓанин

Од:

Дежурната обвинителка Андријана Настиќ по завршување на истрагата во Цетиње изјави дека на лице место биле пронајдени деветмина убиени.

Во меѓувреме, како што рече, од Клиничкиот центар на Црна Гора добиле информација дека уште две лица им подлегнале на повредите.

Во Цетиње денеска беа убиени 11 лица заедно со убиецот кој, како што рече Настиќ, го убил сограѓанин. Според информации на црногорски медиуми се работи за човек од Цетиње на 34-годишна возраст…Настиќ додаде дека шест лица се хоспитализирани.

„Од 11 лица кои загинаа, две се деца. Работиме на расветлување на случајот“, изјави Настиќ за телевизијата „Вијести“.

Претходно медиумите објавија дека убиецот бил ликвидиран од полицијата.

По повод трагедијата во Цетиње, Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост во Цетиње.

Градоначалникот Никола Ѓурашковиќ изјави дека Цетиње денеска доживеало трагедија што не се памети.

„Нашето Цетиње денеска доживеа незаборавна трагедија. Длабоко потресени од загубата на невини животи, искрено сочувствуваме со семејствата на жртвите и ранетите. Цетиње денеска е обединето во молитва за нашите сограѓани кои се жртви на бесмислен напад. Им благодарам на сите во Црна Гора и пошироко кои се со нас во овој тежок момент“, рече Ѓурашковиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски