Во железничка несреќа кај Мојковац, загинаа двајца работници на новосадската компанија „Згор“, 53-годишниот Ранко Кашиковиќ и 55-годишниот Горан Гавриќ, а 43 лица се повредени.
Несреќата се случила околу 17 часот и 30 минути, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пругата помеѓу Мојковац и Бијело Поље.
Во моментот на несреќата во возот, кој сообраќал на релација Подгорица-Бијело Поље имало околу 60 патници, а на пригата седум работници.
Повредените се хоспитализирани во Општата болница во Бијело Поље. Тројца од нив се со потешки повреди.
Истрагата за несреќата е во тек, а сообраќајот на пругата Подгорица-Бијело Поље и понатаму е во прекин.