Силен шумски пожар гори во областа Кератеа во предградието на Атина, изгореа неколку куќи, а најавена е и евакуација на десет населени места, јави грчката јавна телевизија ЕРТ.
– Дува многу силен ветер. Веднаш биле мобилизирани копнените и воздушните сили. Пожарот нема еден фронт, но има четири различни извори – вели ТВ каналот.
Пожарот од земја го гаснат 140 пожарникари, додека 17 авиони континуирано испуштаат вода.
– Осум хеликоптери и девет авиони се упатуваат кон пожарите – објави ТВ каналот.
Гаснењето на пожарот го отежнуваат ветровите кои дуваат со брзина поголема од 75 километри на час.
Во моментов се евакуирани шест населени места, додека најавена е евакуација на уште четири. На пожарникарите им помага полицијата и армијата со градежна опрема.
ЕРТ јавува дека во селото Плака изгореле најмалку три куќи.
Полицијата евакуираше 52 лица заглавени во пожарот во Каратеа. Тоа се претежно постари лица со здравствени проблеми или имаат потешкотии во движењето. Некои постари луѓе одбиваат да ги напуштат своите домови кои со лопати во рака, се обидуваат да го спасат својот имот.
– Полицијата примила 40 повици за помош – пренесе ТВ каналот.
Голем пожар избувна и во Стамата и, според локалните медиуми, ветерот го шири кон Родополи. Полицијата ги повикува жителите да се евакуираат.