ВИДЕО: Депардје амбасадор на црногорската култура

Од:

Францускиот актер Жерар Депардје ќе биде амбасадор на црногорската култура, соопштено е вечерва во Подгорица по неговата средба со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

Тој пред новинарите изјавил дека е воодушевен од природните убавини, културното наследство и богатата историја на Црна Гора, поради што е подготвен да снима филмови во оваа држава.

Ѓукановиќ истакна дека тоа што Депардје ќе биде амбасадор на црногорската култура ќе придонесе за натамошна промоција на земјата на меѓународна сцена.

Францускиот глумец додаде дека не побегнал од Франција, каде денеска не се појави пред судот поради обвинението дека возел скутер во алкохолизирана состојба, туку неговата посета на Црна Гора била претходно најавена. Тој истакна дека ќе се врати во Франција и ќе се појави пред судот.

Депардје стана центар на вниманието откако се откажа од француското државјанство, лут на критиките откако се спротивстави на предлог-законот за воведување данок од 75 отсто за најбогатите Французи. Глумецот во меѓувреме доби руски пасош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски