(ВИДЕО) БиХ: Специјалци спречија борците да влезат во парламентот

Од:

Околу 1.500 демобилизирани борци се обидоа да влезат во зградата на парламентот на Босна и Херцеговина во Сараево, каде што беа собраа уште изутрина, откако беше најавено дека од дневен ред на седницата ќе биде тргнат предлогот за дополнување на законот за привремена старосна пензија.

Борците во намерата да влезат во парламентот ги спречија специјалците, кои во голем број дојдоа да го обезбедат протестот, по што ситуацијата се смири.

До инцидентот дојде откако претставниците на демобилизираните борци почнаа да ја читаат листата со барања која беше усогласена со парламентарците кои денеска побарале гласањето да се одложи за 20. април.

Веднаш после тоа борците гласно негодуваа и го пробија првиот полициски кордон, но сепак беа спречени да влезат во зградата.

На борците минатата година им беше укинато правото на ниво на БиХ и беше префлрено на ниво на ентитетите, меѓутоа федералниот закон не ги опфати и тие тоа право до денес не го остварија.

Федералниот парламент настојуваше да направи измени и дополнувања во законот со кој ќе им беше овозможено правото на пензионирање, но по вчерашното предупредување на Меѓународниот монетарен фонд, во кое беше кажано дека ќе се загрози фискалната стабилност и аранжманот со ММФ, остварувањето на тоа право стана неизвесно.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски