Во ноќта помеѓу петок и сабота, на улица „Школска“ во Зеница, Босна и Херцеговина, со голема брзина на пешачки премин беше прегазен И.А. од Зеница, кој се здобил со сериозни повреди.
На полицајците во пронаоѓањето на возачот, кој беше уапсен во Витез два часа по несреќата, им помогнаа камерите за надзор на ресторанот “Carpe Diem”, кои го снимиле моментот кога Ј.В. со голема брзина, без забавување при преминувањето на „лежечките полицајци“ го собори 27-годишниот зеничанин и избега од местото на несреќата.