ВИДЕО: Белград како воена зона, жестоки судири, пиротехника, солзавец и топовски удари

Од:

Во Србија се одржаа масовни антивладини протести трета ноќ по ред, а Белград беше местото на најтешките конфликти досега.

На булеварот Крал Александар, пред Правниот факултет, демонстрантите фрлаа ракети, петарди и камења кон полициските кордони, додека полицијата одговори со солзавец и оклопни возила. Сцени на хаос, превртени и запалени контејнери и блокирани улици создадоа слика на воена зона во центарот на градот.

Повеќемесечните протести, кои ги започнаа студентите по трагедијата на железничката станица во Нови Сад – во која загинаа 16 лица – ескалираа во последните денови во насилни судири низ цела Србија. Демонстрантите ја обвинуваат владата за корупција и бараат распишување предвремени парламентарни избори.

Според Nova.rs, во текот на ноќта полицијата се обиде да ја растера толпата по булеварот Крал Александар и улицата Београдска, додека граѓаните на Врачар ги отстрануваа контејнерите од коловозот за да ги пропуштат возилата за итни случаи. Според изјавите на сведоците, од толпата биле испукани пиротехнички средства, а запалено било и дрво пред Министерството за одбрана.

Немири избувнаа и во други градови на Србија – во Нови Сад, Ниш, Шабац, Ваљево, Лозница и Крагуевац.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека во текот на ноќта во Белград биле повредени шест полицајци, а најмалку 37 лица биле уапсени. Бројот на повредени меѓу демонстрантите сè уште е непознат.

Дачиќ, исто така, објави дека меѓу уапсените има тројца странски државјани – Хрват, Словенец и Италијанец. Како пример, тој го наведе хрватскиот државјанин Бруно Хорват, кој, според полицијата, нападнал припадник на жандармеријата во центарот на Белград.

„Толку за фактот дека овие протести немаат никаква врска со надворешен фактор“, рече Дачиќ, обвинувајќи ги демонстрантите дека се дел од „обоена револуција“ поддржана и финансирана од странски сили.

Протестите, кои беа мирни со месеци, во последните денови се претворија во отворени судири меѓу демонстрантите, полицијата и поддржувачите на владејачката Српска напредна партија. Најавени се нови протести за викендов, а ситуацијата во Србија останува исклучително напната.

Би можело да ве интересира

Раководствата на N1, Nova, Radar и Danas официјално испратија понуда за преземање на UG media

ВИДЕО: Замолив да го прекине штајкот со глад, Вучиќ вели разговарал со Дијана Хрка

Катерина Ѓуровски

Студентите во блокада најавуваат нови протести, се подготвуваат за избори

(ВИДЕО) Немања Шаровиќ нападнат во Белград: „Пи*ко усташка“

ВИДЕО: 37 приведени по инцидентите во Белград, меѓу нив и Владимир Штимац

ВИДЕО: Се гледаме утре и секој ден, сè додека нема правда – порака од големиот собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски