ВИДЕО: 600 полицајци трагаат по масовниот убиец од Младеновац, државата прогласи дека е терорист

Од:

Над 600 припадници на МУП на Србија уште од синоќа се во потрагата по убиецот од Младеновац кого државата го прогласи за терорист. Според претходните извештаи на медиумите, тој со автоматска пушка усмрти осум, но според некои извештаи десет луѓе меѓу кои има и деца.

На неколку лица им е извршена операција, едно лице е повредено во главата, окото и препоните, друго во стомакот, две лица кои се ранети се во стабилна состојба.

Полициски специјалци ја проверуваат секоја куќа на теренот, сите полицајци се со пушки на терен. Убиецот последен пат бил виден во село Шепшин, а полицијата го опколи местото. Според информациите, секоја куќа, напуштен обнект се „чешла“, а голем број полицајци вооружени со автоматски пушки од 2 часот по полноќ се во Младеновац и околните села.

Според последните информации ранети се 13 лица.Ранетите со возило на брза помош се пренесени во Ургентниот центар во Белград, во болницата Драгише Мишовиќ и во болницата во Смедерево. Во Ургентниот центар има осум ранети, во Драгиша Мишовиќ двајца, а во Смедерево тројца.

Во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ се донесени двајца повредени. Двајца мажи, едниот има 23 години, а другиот околу 40. И двајцата синоќа беа однесени во операциона сала. Неколку пациенти беа реанимирани за време на приемот.

Потресни сцени се снимени пред Ургентниот центар каде се носеа ранетите при престрелката кај Младеновац.
Сите лекари уште синоќа се повикани да дојдат на смена и да им помогнат на своите колеги кои ги лекуваат повредените. Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ синоќешната престрелка во Младеновац ја оцени како терористички чин.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

Мајка на две убиени деца во масакрот кај Младеновац: „Немам деца, болката се засилува, секое судење ни е се потешко затоа што мораме да го гледаме“

А1он

Убиецот од Младеновац доби закана: Цел живот ќе те чекам, се заколнав дека ќе се одмаздам

Горан Наумовски

Урош Блажиќ ја призна вината

Горан Наумовски

Урош Блажиќ призна сѐ: Убиецот од Младедонав даде своја одбрана за извршениот масакр

Родителите на жртвите го нападнаа масовниот убиец од Младеновац