Вицас: Бродовите на НАТО во Егејско Море вршат притисок врз шверцерите на мигранти

Од:

 Има индиции дека патролите на бродовите на НАТО во источниот дел на Егејско Море го намалуваат бројот на мигранти, кои од Турција патуваат кон блиските грчки острови, информираат американските медиуми, повикувајќи се на високо позициониран грчки претставник.

Грчкиот заменик министер за одбрана, Димитрис Вицас изјави дека бродовите на НАТО, што оваа недела почнаа да патролираат низ Егејско Море, извршиле притисаок врз шверцерите, кои и натаму транспортираат мигранти и бегалци. Од Турција кон Грција просечно дневно се префрлаат по околу 2.000 лица, пренесува БТА.

Вицас за државното радио кажа дека вчера во неговата земја влегле околу 700 лица. 

Во моментов Турција води преговори со Европската унија за постигнување спогодба која ќе има за цел да го намали бројот на мигранти кои преминуваат во Европа.

Турција и Грција го поддржаа таканаречениот договор за реадмисија, што на Атина ќе и овозможи да ги враќа мигрантите кои нелегално пристигнале на нејзина територија, забележуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ