Велика Британија и сугерира на ЕУ поостри банкарски прописи

Од:

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн денеска во Берлин апелираше до останатите земји од Европската унија да го следат неговиот пример и да ги заострат банкарските прописи.

Озборн, кој денеска учествуваше на средбата на германските бизнисмени и високи функционери од еврозоната во Берлин, на кој меѓу другите присуствуваше и германската канцеларка Ангела Меркел, повика на повторно разгледување на оваа идеја.

Велика Британија, една од земјите кои беа најпогодени од финансиската криза во 2007 и 2008 година и која во моментов има релативно благи прописи на тоа поле, сега работи на усвојување на нов закон, со кој би се одвоило работењето на банките со населението од ризичните активности на полето на инвестициското банкарство.

Европската комисија разгледува сличен предлог даден од гувернерот на Централната банка на Финска, Ерки Ликанен, но досега на таа идеја се противеа двете најголеми стопанства во ЕУ, Германија и Франција.

Би можело да ве интересира

Маслаха: Затворскиот персонал во Англија ги малтретира муслиманите

(ВИДЕО) Седум полицајци во болница по бркотница и судир со возач на „БМВ“ во Англија

Банда од шест лица украла роба вредна 150.000 евра од супермаркет во Англија

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон