В недела предвремени делумни локални избори во БиХ

Од:

Граѓаните на БиХ в недела ќе имаат можност да гласаат на вкупно 496 избирачки места од 7 до 19 часот, на предвремените избори за градоначалници, односно раководители на општини.

В недела, на 5 февруари, ќе се одржат предвремени избори за градоначалници на градовите Бихаќ, Тузла, Сребреник и Зворник и за раководители на општините Братунац и Вогошќа. Во Бихаќ, Тузла, Сребреник, Зворник, Братунац и Вогошќа избирачките места се отвораат во 7 часот, а се затвораат во 19 часот на денот на предвремените избори во недела.

Изборниот молк започнува 24 часа пред отворањето на избирачките места, односно во 7 часот на 4 февруари и трае до затворањето на гласачките места, односно до 19 часот на 5 февруари.

На изборите учествуваат вкупно 13 политички субјекти и тоа пет политички партии, една коалиција и седум независни кандидати. Сертифицирани се вкупно 18 кандидати. Кандидатските листи се објавени во официјалните весници и на веб-страницата на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина