Ужасен старт на скијачката сезона на Копаоник: Луѓето лути, властите немоќни

Од:

Ски-центарот Копаоник мораше да престане со работа веќе во првиот викенд.

Отворањето за скијање на Копаоник помина неславно – веќе првиот ден атмосферата беше како од хорор филм, а за време на викендот дури и скијањето беше забрането – и тоа нема никаква врска со организацијата, ниту со гужвата, ниту со цените, туку со временските услови. Поради крајно неповолните временски услови (плус температура, недостаток на снег, дожд кој врне веќе два дена, како и јужен ветер), ски-центарот Копаоник е затворен.

За панорамско возење сообраќаат жичарницата Панчиќев врв и гондолата од Брзеќ, објави ИнфоКоп.

Според фотографиите споделени на мрежите, јасно е дека скијањето не би било никакво задоволство на ваков терен, во магла и сивило, но оваа одлука ги налути луѓето кои зимскиот одмор го планираа во декември.

„Господа, неодговорно беше од страна на Ски-центарот на Србија да се наплаќаат ски карти под и онака многу лоши услови во петок и особено во сабота“; „Ова е срам. Мислам дека пологично беше отворањето на сезоната да се одложи за 7 дена“, некои сметаат, други ги напаѓаат „пристапните“ цени на пакетот иако го нема она по што дошле.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Падна првиот снег и во Србија

ВИДЕО: Тешко повреден скијач на Копаоник, со хеликоптер пренесен во болница

А1он

ВИДЕО: Брутална тепачка на Копаоник за паркинг место

Спасени тројца руски скијачи на Копаоник

Сандра Бошковска

Маж се разнесе со бомба на Копаоник