Утре претседателски избори во Црна Гора

Од:

Во Црна Гора утре ќе се одржат претседателски избори на кои црногорските граѓани со право на глас ќе можат да се определат меѓу двајца кандидати – актуелниот претседател Филип Вујанови од редовите на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) и лидерот на опозицискиот Демократски фронт, Миодраг Лекиќ.

Вкупно 1.169 гласачки места ќе бидат отворени во седум часот и на нив вкупно 511.405 црногорски граѓани ќе може да се изјаснуваат до 20 часот.

Овие се шест претседателси избори во Црна Гора од воведувањето на плурализмот и втори од прогласувањето на независноста на земјата во 2006 година.

Покрај ДПС, Вујановиќ ја доби поддршката и на на партиите на бошњачкото, албанското и хрватското малцинство, но не и на помалиот партнер во црногорската владина коалиција, Социјалдемократската партија (СДП), која најави дека нема да поддржи ниту еден од кандидатите, а нејзиниот лидер Ранко Кривокапиќ изјави дека воопшто нема да излезе на гласање.

Лекиќ од друга страна покрај од неговиот Демократски фронт, доби поддршка и од опозициските партии Позитивна Црна Гора и Социјалистичката народна партија.

Изборите ќе ги следат и набљудувачки мисии на ОБСЕ и Парламентраното собрание на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски