Уште еден силен земјотрес ја погоди БиХ

Од:

Босна и Херцеговина денеска околу 11 часот ја потресе уште еден земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот повторно бил во близина на Зеница.

Жителите на Зеница изјавуваат дека потресот билм сличен на тој што ја погоди Зеница пред две ноќи и кој беше еден од најсилните земјотреси во изминатите 40 години, кој предизвика само помала материјална штета.

По првиот земјотрес денеска уследи и вторичен потрес.

Сеизмолошкиот завод на Федерацијата БиХ соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на два километри длабочина и седум километри оддалеченост од Зеница.

Во некои делови на градот како последица на потресот дојде до прекин на електричната енергија, а меѓу населението повторно завладеа паника. Во страв од нови посилни потреси жителите на градот излегоа на улиците, како и пред две ноќи.

Земјотресот бил почувствуван и во други делови на БиХ, а во Сараево неговиот интензитет изнесувал три степени според Рихтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина