Урош Блажиќ ја призна вината

Од:

Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона. Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште.

– Не сакам да кажам какви гадости се случија во тоа село. Не сакав да им кажам на моите дека ми упаднаа дома, дека ми го украдоа алатот. Се срамев да кажам дека некој ми провалил дома и ме украл. Не знаев кој го прави тоа, знаев дека нема смисла да го пријавам. Знаев дека ништо нема да се реши. Освен што бев убиец, испаднав и дека сум арамија. Не е точно дека му ги побарав сите пари од таксистот, побарав да ми даде две-три илјади динари, претпоставувам за да имам што да јадам. Не сакам да испаднам бандит, никогаш не сум крадел, не сум воспитан така, изјави Блажиќ.

Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син.

Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград.

Би можело да ве интересира

Урош Блажиќ одбивал да јаде затворска храна, тврдел дека бил нападнат

Деветкратниот убиец од Младеновац доби 20 години затвор

Катерина Ѓуровски

Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

Мајка на две убиени деца во масакрот кај Младеновац: „Немам деца, болката се засилува, секое судење ни е се потешко затоа што мораме да го гледаме“

А1он

Убиецот од Младеновац доби закана: Цел живот ќе те чекам, се заколнав дека ќе се одмаздам

Горан Наумовски

Урош Блажиќ призна сѐ: Убиецот од Младедонав даде своја одбрана за извршениот масакр