Унгарија ќе гради нова ограда долж границата со Србија

Од:

Долж 175 километри долгата унгарско-српска граница ќе се гради нова заштитна ограда, што ќе биде сместена зад веќе постоечката, најави на прес-кинференцијата во Будимпешта Лазар Јанош, шеф на кабинет на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Јанош наведе дека за таа цел се одвоени 123,5 милиони евра, јави РТС.

-Со ова се зајакнува заштитата на границата, бидејќи тоа е неопходно поради безбедноста на граѓаните, истакна Јанош.

Тој потенцира дека во согласност со новите измени на законите, за азилантите ќе бидат подготвени пунктови на границите, каде ќе чекаат одоговор додека не заврши процедурата за азил.

На унгарско-српската граница кон крајот на минатата година беше изградена нова, пробна ограда, со должина од десет километри, што се стави зад постоечката ограда.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта