Украдено црквено ѕвоно тешко 400 килограми

Од:

 Засега непознати лица провалиле во црква во населбата Босанска Бојна, во Велика Кладуша и украле ѕвоно тешко речиси 400 килограми.

Сараевски „Дневни аваз“ пишува дека станува збор за невиден случај и дека во кражбата учествувале повеќе лица, но не се наведува дали ѕвоното е однесено од православната или католичка црква во тоа место.

Се претпоставува дека крадците се искачиле на покривот на црквата, го размонтирале бронзеното ѕвоно, потоа го спуштиле и однеле.

Крадењето на ѕвоното како што се наведува, предизвика голема збрка меѓу мештаните на Босанска Бојна. Ѕвоното има голема историска и културна вредност на овој крај и мештаните апелираат на крадците ѕвоното да го вратат.

Полицијата трага по сторителите, додека, наводно, се пронајдени и одредени траги на местото на случувањето, што би можело да биде трага до извршителите.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина