Укинат пратеничкиот имунитет на пратеник на Златна Зора

Од:

Пратеникот на Златна зора Јоргос Герменис ќе биде изведен пред суд поради нападот на градоначалникот на Атина Јоргос Каминис во мај годинава, јави дописникот на МИА од Атина.

Вкупно 208 пратеници гласаа да мусе укине имунитетот на Герменис, двајца беа против, а останатите до 300, колку што има места во грчкиот Парламент, не беа присутни на гласањето.

Атинскиот градоначалник Јоргос Каминис пред Велигден беше нападнат од Герменис, откако грчката полиција за спречување протести употреби солзавец за да ги спречи активистите на неофашистичката партија Златна зора да делат храна само на Грци во центарот на Атина.

Герменис се обиде да го удри Каминис, кој во тој момент беше во општинската социјална продавница каде им делеше велигденски свеќи на децата, но беше спречен од обезбедувањето на општината. Во инцидентот беше повредено едно 12-годишно девојче.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина