Грчкиот Парламент денеска му го укина имунитетот на пратеникот на Златна зора Илиас Касидиарис.
Против Касидиарис се покренати обвиненија за наводна повреда на член од Кривичниот законик, за поттикнување омраза во говор.
Во меѓувреме, судењето на членовите на грчката неофашистичка партија пред кривичниот суд е одожено за 15 мај. Адвокатите кои ги назначи судот, побараа одложување на судењето за неколку дена, со цел да ги проучат документите од предметот.
Во врска со преместувањето на судењето на друга локација, претседателот на судот соопшти дека штом Министерството најде соодветно место, „сите веднаш ќе се префрлат“.