Попладнево во Нови Пазар ученик на Текстилното училиште фрли солзавец во просториите на училиштето. Покрај Текстилното училиште, евакуирано е и Техничкото училиште кое се наоѓа на истата улица, пишува Нова.рс.
„Наставниците пријавиле дека во училиштето било фрлено нешто налик на солзавец, што почнало да предизвикува силна кашлица кај учениците и предметните наставници“, изјави директорот на Техничкото училиште Хидо Љајиќ.
Наставниците и учениците биле веднаш евакуирани, а набрзо на лице место пристигнала и полицијата.
„Училишниот полицаец Ненад Чаламара веднаш ги прегледал сите катови и училници, но ништо не најде. После тоа била известена и полицијата“, додаде Љајиќ.
Никој од учениците и наставниот кадар не претрпел никакви последици.
„Училиштето ќе ги зајакне превентивните активности и ќе ја зајакне свеста кај сите за важноста на безбедноста и зачувувањето на здравјето преку форуми, работилници и класни заедници“, заклучи директорот Љајиќ.