Дете на 14-годишна возраст е убиено утрово во Приштина, во близина на училиштето во кое учело, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовската полиција потврди дека ученикот на 9-то одделени, со иницијали Р.Х., во основното училиште „Хилми Раковица“ во Приштинската населба Врањевац починало како последица на повреди здобиени од остар предмет (нож).
Засега нема официјални инормации за уапсени лица, но телевизијата Т7 јави дека едно малолетно лице е приведено во полиција во врска со случајот.
На местото на настанот, во близина на училиштето каде што се случи убиството, излегоа надлежни екипи на полицијата и обвинителството, како и претставници на Министерството за образование.