Урош Б. кој на 4 мај во селата Мало Орашје и Дубона во Србија уби осум лица и рани 14, синоќа се степал со цимерот во затворската единица во Смедерево.
Според неофицијални информации, по расправија со цимерот, Урош физички го нападнал и со тупаници го претепал и му нанел повреди по лицето.
Затвореникот кој се борел со Урош „завршил“ со модро око, додека убиецот е неповреден.
На рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, Урош Б. призна дека пукал во луѓе затоа што чувствувал дека мештаните прават заговор против него и дека е изложен на потсмев.
Тој го изврши масакрот само еден ден по масовното убиство на децата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.