Уапсени 15 активисти на движењето „Окупирај го Лондон“

Од:

Петнаесет демонстранти, главно активисти на движењето „Окупирај го Лондон“, се уапсени денеска поради тоа што, наспроти забраните, подигнале камп преку патот на Парламентот, соопшти лондонската полиција.

Движењето „Окупирај го Лондон“ од петокот протестира на плоштадот каде се наоѓа британскиот Парламент, а демонстрантите најавија дека ќе се обидат повторно да подигнат камп.

– Демонстрантите се обидуваа повторно да го заземат плоштадот, наспроти обидите на полицијата насилно да ги разбие протестите, соопшти движењето.

На плоштадот се наоѓаа околу 20 активисти, додека 40-тина полицајци стојат околу нив.

Околу 200 активисти започнаа протест наспроти тоа што не добија официјална дозвола да подигнат камп. Тие најавија дека ќе останат на плоштадот девет дена.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство