Уапсен кандидатот за пратеник на „Златна зора“

Од:

Грчката полиција во градот Верија уапси осум членови на десничарската партија „Златна зора“, меѓу кои е и кандидатот за пратеник Јоанис Сахинидис, за изборите кои треба да се оджат на 17 јуни.

Група анархисти се судрила со членовите на „Златна зора“, во моментот кога тие делеле предизборни летоци на централна улица во градот Верија.

Потоа, 20 членови на „Златна зора“ влегле во кафуле, каде што се наоѓале анархистите. Тие нападнале и претепале околу шест посетители во барот.

Од нередот предизвикана е материјална штета, а еден од настраданите е однесен во болница.

Претходно,портпаролот на грчката екстремна десничарска партија „Златна зора“, по кого е издаден налог за апсење поради нападот на две колешки од левичарските партии, на настап на телевизија, вели дека не се кае за тоа што го направил.

Инаку тој нападна и и удри шлаканици на членката на Комунистичката партија и ја полеа со вода членката на левичарската партија СИРИЗА.

„Настаните беа наместени, исклучива цел им беше да го предизвикаат мојот екстремен одговор“, напиша Касидиарис на сајтот на партијата.

 

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он