Уапсен е 66-годишен жител на Македонија кој ограбуваше џамии во Србија

Од:

Полицијата во Нови Пазар го уапси М.З. (66), државјанин на Македонија, под сомнение за сторени четири кривични дела тешка кражба.

Според полицијата, тој е осомничен дека помеѓу 29 април и 1 мај провали во џамии на подрачјето на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, од кои украде пари од касите. Постои основано сомнение дека осомничениот провали во вкупно четири верски објекти, а полицијата го идентификуваше и уапси во соработка со колегите од Бујановац.

За време на претресот, кај М. З. се пронајдени нож и електрошокер, за што против него е поднесена прекршочна пријава согласно Законот за јавен ред и мир.

Со наредба на надлежното обвинителство, осомничениот е приведен до 48 часа, по што ќе биде приведен во Основното јавно обвинителство во Нови Пазар со кривична пријава за тешка кражба.

Би можело да ве интересира

Камион прегази жена во Нови Пазар – таа заврши под задните тркала

А1он

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Тешка сообраќајна несреќа, загина момче од Нови Пазар

Спречена трагедија во Нови Пазар: Нарача убиство од затвор, егзекуцијата e спречена во последен момент

Голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Пазар

А1он

Голем грабеж во Нови Пазар: Вооружен маж од златарница украде три килограми злато