Турските уметници, новинари и писатели, меѓукои и добитникот на Нобеловата награда Орхан Памук во отворено писмо бараат од Владата во Анкара да престане да го дели народот и да ја поларизира земјата.
– Загрижени сме. Реториката од типот „вие против нас“ ја интензивира поларизацијата во општеството, предупредуваат уметниците и бараат да престанат притисоците.
Протестите почнаа на 31 мај во Истанбул поради плановите за реконструкција на паркот Гези, а набрзо прераснаа во антивладини демонстрации ширум Турција.
Премиерот Реџеп Таип Ердоган остро ги критикуваше демонстрантите, вклучително и уметниците, нарекувајќи ги „маргинална група“.
Аналитичарите наведуваат дека Ердоган ги поттикнал тензиите со тоа што ги омаловажил демонстрантите, претежно млади, образовани луѓе од средна класа, при што ги наречи „крадци“ или наивни деца манипулирани од терористите.
Ердоган ги зголеми тензиите и со тоа што организира контрапротести изјавувајќи дека „наредби прима само од Бог“.
За време на антивладините протести во Турција загинаа четири лица, а приближно 8.000 се повредени.