Турскиoт претседател повика на дијалог со демонстрантите

Од:

Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска повика на дијалог со легитимните демонстранти, кои протестираат против плановите за реконструкција на истанбулскиот парк Гези, но изјави дека оние кои излегле на улица за да учествуваат во насилни настани, се посебно прашање.

Ѓул зборуваше еден ден откако полицијата за борба со безредијата цели 18 часа употребуваше солзавец и водени топови за да ги растера илјадниците демонстранти на плоштадот Таксим, каде се фокусирани двонеделните протести против премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган, кој демонстрантите ги оцени како „измет“, се очекува денеска да се сретне со група јавни лица, со кои ќе ги разгледа безредијата, кои почнаа како мирна кампања против плановите за изградба во паркот Гези, што се граничи со плоштадот Таксим.

-Ако луѓето имаат приговори тогаш нека се оствари дијалог со овие луѓе, несомнено е наша задача да слушнеме што имаат да кажат, подвлече Ѓул пред новинарите за време на неговото патување до црноморскиот град Ризе. Тој изрази надеж дека проблемите ќе бидат ндаминати „преку демократската зрелост“.

Истовремено Ѓул, кој за време на протестите во целина покажа поумерен тон во споредба со Ердоган, подвлече дека насилството по улиците нема да се толерира.

-Оние кои учествуваат во насилни настани се нешто поразлично и ние треба да ги разграничиме. Ние не треба да му даваме шанса на насилството. Тоа не би било дозволиво ниту во Њујорк, ниту во Берлин, посочи шефот на државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски