Турски војник застрела тројца припадници на армијата во армиски пункт во провинцијата Сирт, во југоисточниот дел на Турција, а потоа извршил неуспешен обид за самоубиство.
Неидентификуваниот војник влегол во пунктот во село Первари и отворил оган од автоматско оружје врз војниците кои се наоѓале таму.
Тројца војници биле убиени пред тој да го впери оружјето кон себе. Напаѓачот со тешки повреди бил префрлен во воената болница во Сирт.