Турски офицери ја напуштаат армијата поради страв од апсење

Од:

Во Турција започна нов бран повлекување на воените офицери од служба, меѓу кои и еден командант на морнарицата, адмирал Нусрет Гунер, поради страв од апсења и евентуална осуда за учество во наводните заговори против Владата, пишува московскиот весник „Раша тудеј“.

Адмиралот Гунер, кој е втор човек во поморските сили, поднесе оставка наводно во знак на протест поради тоа што повеќе стотина негови колеги се наоѓаат во затвор, а неговото предвремено заминување предизвика нов бран оставки во армијата.

– Во текот на изминатите неколку години моите колеги, од кои некои лично ги познавав и во чиј патриотизам никогаш не се посомневав, се прогласени за виновни пред судовите во име на нацијата, истакна Гунер во својот проштален говор.

Тој меѓу бројните причини објасни и дека сака да се повлече што побрзо бидејќи „може да бидат исконструирани низа заговори“ во кои наводно е вмешан.

По неговото заминување, оставки поднесоа околу 110 офицери на турските воздухопловни сили.

Досега околу 330 офицери се осудени за обид за државен удар. Сите тие ги отфрлија обвинувањата како нефер и незаконски, тврдејќи дека доказите се измислени. Моментално во тек се судењата на уште неколку стотина офицери.

Според извештаите на државните медиуми, околу 10 отсто од вкупно 348 турски генерали и адмирали се наоѓаат во затвор.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски