Воениот суд на Турција осуди еден наредник на шест месеци условна затворска казна, поради тоа што во мензата во една касарна нарачал за јадење да му биде подготвен омлет.
„Инцедентот“ се случил во касарна во градот Малкара во севрозападниот дел на Турција, кога наредникот Т.Т. побарал од војникот одговорен за храната во мензата да му приготви омлет, иако ова јадење не било на менито тој ден.
Кога командантот на бригадата дознал дека било подготвен омлет надвор од менито, веднаш го пријавил наредникот.
Судот оцени дека наредникот е виновен за „злоупотреба на службена положба“ и за „нанесување штета на државата во износ од 0,91 турски лири“ (0,36 евра).