Турската полиција употреби солзавец и водени топови за растурање на протестите во Анкара

Од:

Турската полиција рано изутринава употреби солзавец и водени топови со цел да растера околу 2.000 демонстранти во Анкара.

Во полициската акција се уапсени 16 демонстранти. Демонстрантите во текот на ноќта се собраа на населбата Дикмен, поставувајќи блокади и блокирајќи го сообраќајот.

Протестот е организиран поради одлуката на судот до почетокот на судењето да го пушти на слобода полицаецот, осомничен за убиство на 26-годишниот демонстрант за време на анти-владините протести во Анкара.

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган синоќа повторно го обвини демонстрантите дека се одговорни за немирите за време на протестите во земјата, но и новинарката на Би-Би-СИ, за која тврди дека е дел од меѓународен заговор што има за цел да и наштети на Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски