Турската полиција употреби солзавец и водени топови за растурање на протестите во Истанбул

Од:

Турската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за растерување на неколку стотици демонстранти и да ги прекине четиридневните протести против големиот градежен проект на главниот плоштад Таксим во Истанбул.

Неколку лица со повреди на главите се пренесени во болница. Група демонстранти се повредени при пад на градежно скеле, додека се обидувале да ја избегнат полициската интервенција на плоштадот.

Градежните работи на Таксим почнаа минатиот ноември со цел зоната околу познатиот плоштад да се претвори во пешачка. Таксим е традиционално место на одржување собири и протести, како и популарна туристичка дестинација.

Протестите беа организирани со цел да се спречи сечење на дрвата во паркот Гези на Таксим, каде е предвидена изградба на голем трговски центар.

Според критичарите проектот има за цел плоштадот да го претвори во уште една безживотна бетонска трговска зона за „правење профит“.

Протестите почнаа мирно во понеделникот и прераснаа во масовни демонстрации против владејачката исламистичка Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски