Турската полиција трага по уште тројца бомбаши-самоубијци

Од:

Заедно со бомбашот-самоубиец, кој го активира експлозивот на влезот на Амбасадата на САД во Анкара на 1. февруари, во Турција влегле уште тројца бомбаши-самоубијци, се наведува во предупредувањето на Дирекцијата за национална безбедност во Анкара.

Според полицијата терористите влегле во Турција пред три месеци и се членови на левичарската екстремистичка Партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С).

Четворицата терористи биле на обука во Германија.

Во нападот пред Амбасадата на САД во Анкара загинаа две лица – бомбашот-самоубиец и еден член на обезбедувањето, а тешко повредена е една турска новинарка.

ДХКП-С ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски