Турската армија соопшти дека загубила контакт со авион-ловец Ф-16, кој летал над планински реон во округот Османие, во близина на границата со Сирија.
Авионот полетал од база во округот Амасија, во северниот дел на Турција. Генералштабот на турската армија соопшти дека пилотот на авионот информирал оти ќе се катапултира, по што е загубен контактот со него.
Моментно се спроведува операција за пронаоѓање на пилотот и авионот.
Гувернерот на округот Османие, Џелалетин Џерах истакна дека засега спасувачките екипи не пронашле остатоци од авионот и нема информации за судбината на пилотот.