И покрај судирите и нередите на улиците во Анкара и Истамбул, во Турција непречено се одвива туристичката сезона.
Една од омилените дестинации е Анталија, позната по своите долги песочни плажи и луксузни хотели.
Со 11 милиони туристи годишно, Анталија е трет регион во светот по број на оние кои одморот решија да го поминат тука.
-Општо познато е дека економската криза во 2012 година ги погоди сите држави, но Турција добро ги надмина сите економски предизвици и забележа голем број туристи.
– Приходите од туризмот беа околу 30 милијарди долари. Очекуваме годинава да има поголем број на туристи од минатата-вели претседателот на Асоцијацијата на хотелиери на Турција, Осман Ајк.
Елена Георгиевска