Турција неделава го блокира пристапот до поголем број исламистички интернет страници.
Илјадници странски борци во изминатите неколку години минале низ територијата на Турција, со цел да се приклучат кон групата „Исламска држава“ во Сирија и Ирак.
Висок турски владин претставник објави дека блокирањето на интернет страниците, како и серијата апсења во изминатиот период, се важен дел од напорите за сузбивање на мрежите за набљудување на следбеници на ИД.