Бројот на жртви во експлозиите на двата автомобила-бомби кои денеска ја потресоа Турција се зголеми на четириесет, соопштија официјални лица.
Турскиот министер за внатрешни работи, Муамер Гулер изјави дека експлозиите се случиле во градот Рејханли, а причина се автомобилите-бомби, пренесе „Асошиејтед прес“.
Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган истакна дека експлозиите би можело да бидат поврзани со Сирија каде што се води граѓанска војна.
Во областа каде штоо се случи инцидентот има околу 23.000 сириски бегалци и како што вели Ердоган можно некој да сака да поттикне тензии.
Но тој исто така се сомнева дека експлозиите би можело да бидат поврзани и со мировните преговори кои Турција ги води со Курдските бунтовници, а чија цел е да се стави крај на триесет годишниот конфликт.
Турските медиуми претходно соопштија дека четири експлозии одекнале во близина на зградата на локалната управа во градот Рејханли, во јужната турска провинција Хајат, пренесе „Ројтерс“.
Елена Георгиевска