Турција ја предупредила Германија за можен напад пред инцидентот во Анкара

Од:

Турција ја предупредила Германија дека постои веројатност терористот Еџевит Санли да изврши атентат пред неговиот самоубиствениот бомбашки напад врз Американската амбасада во Анкара на 1 февруари, пишува германскиот весник „Шпигел“.

Санли бил член на левоекстремистичката група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-Ц), која презеде одговорност за нападот. Тој ја напуштил Турција откако бил ослободен од затвор во 2002 година.

Санли живеел во Германија, каде се обидел да добие политички азил, но барањето му било одбиено поради поврзаноста со терористичка организација.

Турските власти ги информирале германските безбедносни сили во периодот меѓу Божик и Нова Година дека Санли се вратил во земјата и има индикации за можен напад, нагласил претставник на германските безбедносни сили за „Шпигел“.

Во нападот на 1 февруари Санли употреби шест килограми експлозив ТНТ и рачна бомба, при што загинаа тој и еден припадник на обезбедувањето, а една турска новинарка беше повредена.

ДХКП-Ц е прогласена за терористичка организација од страна на ЕУ и САД. Таа презеде одговорност за некокку убиства и бомбашки напади во Турција во 70-тите години од 20. век.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски