Турција и Грција ќе ги обноват преговорите за спорот во Егејското Море

Од:

Дипломати од Турција и Грција утре ќе ги обноват преговорите за решавање на спорните парашања за границата меѓу двете земји во Егејското Море, објави денеска турскиот весник „Хуриет Дејли Њуз“.

Последниот круг разговори се одржа пред повеќе од една година.

Во соопштението од турското Министерство за надворешни работи се наведува дека 59. круг од преговорите ќе се одржи утре во Истанбул. Средбата се организира по дијалогот меѓу премиерите на двете земји, кои се договорија за обновување на преговорите.

Последниот круг од разговорите беше на 13 септември 2013 година во Солун.
Турција и Грција имаат спор за границите на територијалните води, крајбрежниот појас и границите на воздушниот простор над Егејско Море. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

(ВИДЕО) Пукање во Сараево: Има ранети, полицијата на нозе

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Грција