Турција и Грција го поздравија обновувањето на преговорите за Кипар

Од:

Министрите за надворешни работи на Турција и Грција, Мевљут Чавушоглу и Никос Коѕиас ја поздравија одлуката на двете кипарски заедници да ги обноват преговорите за обединување на Кипар.

– Турција и Грција даваат целосна поддршка, меѓународната заедница дава целосна поддршка, 2015 година е добра можност, не сакаме да го пропуштиме тоа, изјави Чавашоглу.

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и новиот лидер на кипарските Турци Мустафа Аканчи синоќа постигнаа договор да ги обноват преговорите на 15 мај.

Претходно, турскиот министер за надворешн работи Чавушоглу изјави дека Турција и Грција постигнаа договор околу повеќе мерки за зајакнување на безбедноста во Егејско Море.

Зборувајќи на заедничка прес-конференција со грчкиот колега Никос Коѕиас, кој се наоѓа во официјална посета на Турција, Чавушоглу не соопшти повеќе детали за планираните мерки.

Анкара и Атина имаат повеќедецениски спор за територијалните граници во Егејско Море.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац